По повод „Ден на гладта“ младинската организација „Единство“ при СОУ„Љупчо Сантов“ Кочани, организираше хуманитарна акција која се одржа во Градскиот Парк, а исто така и пред училиштето. Беа поставени штандови на кои се продаваше храна која беше донирана од локалните фирми и храна која беше подготвена од учесниците од младинската организација. Во склоп на оваа активност се продаваа и картички по цена од 20ден., со цел да бидат соберени повеќе парични средства. Оваа традиционална активност помина успешно и се надеваме дека ќе биде реализирана и секоја наредна година.