Збор на директорот

Драги посетители!

Вие сте пред страниците на Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани. Користиме прилика за да Ве запознаеме со училиштето, воспитно – образовните можности, активностите, односно со средношколскиот живот. Ова е можност на современ начин да комуницираме со глобалниот свет преку другарување со нашиот микро средношколски град наречен Љупчо Сантов. Нашите информации кои се подговени од ученици и професори Ви ги нудиме во секој момент, на било кое место, достапно преку соодветната електронска технологија. Отворени сме за соработка. Се надеваме дека при секоја посета ќе добиете корисни информации кои ќе бидат причина повторно да ја посетувате страната!


Едноставно уживајте!