Партнери
Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот , во предвидениот рок (до 21.03.2018 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.09.2018 до 31.08.2020 година.
Основни податоци за проектот
Проектна идеја
Основна идеја на проектот е да се примени Теоријата за Multiple intelligence која наспроти традиционалниот пристап на ист начин кон сите ученици, таа предвидува развој на различни пристапи кон одредени наставни теми.
Цел на проектот
Основна цел на нашиот проект е да се поттикнат учениците да ја сфатат важноста за користење на нивните сопствени предности за да им пристапат на различни теми и да размислуваат за нивниот омилен стил. Преку разни активности, интеракција и размена ќе ги мотивираме нашите студенти да разберат како нивните нови вештини можат да се користат во секојдневниот живот и да се направат помалку омилените предмети повеќе достапни. Преку размените во странство учениците, исто така, ќе научат да прифаќаат обичаи, култура и наследство од другите држави и да се види дека сме исти, дури и во нашите разлики.
Учесници во проектот
Во проектот се предвидени да учествуваат повеќе наставници од различни предмети и на првиот работен состанок на проектните партнери ќе бидат дефинирани точните профили на наставниците. Исто така се предвидува и учество на 12 ученици на обуките во другите држави.
Проектни Активности се:
Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:
Работни состаноци на проектните партнери
На овие состаноци ќе присуствуваат по 3 претставници од секој од проектните партнери
Обуки на наставен кадар и ученици
На овие тренинзи е предвидено да присуствуваат по 9 претставници од секој од проектните партнери (3 наставници и 6 ученици)