Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/ljupcosantov/public_html/wp-content/plugins/revslider/includes/operations.class.php on line 2854

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/ljupcosantov/public_html/wp-content/plugins/revslider/includes/operations.class.php on line 2858

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/ljupcosantov/public_html/wp-content/plugins/revslider/includes/output.class.php on line 3708
Патронен празник на училиштето - SOU Ljupco Santov

Патронен празник на училиштето

Информатка, информатичка технологија, програмски јазици
20/03/2020
Известување за уписи во учебна 2020/2021 год.
11/06/2020
Прикажи ги сите

Денес, 23 март 2020 година свечено и скромно го обележуваме патрониот празник на СОУ „Љупчо Сантов“. Денес се навршуваат 71 година од постоењето на кочанската гимназија. По тој повод  сакавме да се присетиме на се што сторивме во времето од претходниот до сегашниот патронат. Планиравме свечена академија од музика, рецитали, драма, од свечено доделување на признанија, од спортски игри во кои планиравме спортско учество на ученици од Виница, Каменица, Делчево и Берово. Но, пандемијата на грип, Корона-Ковид 19 се испречи како предизвик и ја наруши нашата традиција преку која дополнително нѐ препознаваше јавноста.

Тажно е што веќе 9-ти ден наставата е прекината, а училниците се без ученици. Се надеваме дека оваа криза што побрзо да ќе заврши, а дотогаш  да го сочуваме своето здравје и здравјето на своите сограѓани.

Ги информираме нашите ученици дека сме во изработка на on line платформа за учење и со истата стартуваме од утре за што дополнително ќе бидат известени учениците и професорите од ангажираните служби.

Во овој момент сакам да им го честитам патрониот празник на нашите ученици, на нашите колеги професори од училиштето Љупчо Сантов и Раде Кратовче, а на сите граѓани да им ја честитам пристигнувањето на пролетта посакувајќи им многу, многу здравје и лична благосостојба.

Воедно сакам од лично име и од име на нашиот колектив да испратиме порака за поддршка до сите оние зафатени со вирусот да истраат во битката и побрзо да оздрават!

                                                                                                                                              Директор

                                                                                                                                           Игор Христов