Училишен кадар

Наставен кадар

…не е ни поголема, ни помала,ни поубава ,ни погрда од она што навистина е. Без да биде заробено, ограничено или резервирано знаењето се предава на секоја нова генерација каде што наставникот се појавува како медиум преку  кој  се пренесуваат знаењата и се појавува како партнер во стекнувањето на новите знаења.

Наставниот  кадар во “Љупчо Сантов“ е високо образован тим од професионалци, стручно оспособени да ја извршуваат најблагородната дејност-воспитание и образование на идните генерации млади луѓе, ученици. Поделени по активи, имаат можност да разменуваат идеи, вештини, способности. Вложуваат во лично усовршување и напредување. Посетуваат обуки на кои имаат можност да го следат современиот тренд во образованието, да научат нови техники и методи за учење, а потоа истите да ги преточат во одлично реализирани реални наставни часови. Максимално посветени на учениците, ги мотивираат, поттикнуваат, насочуваат.

За реализација на воспитно-образовната работа во училиштето се одговорни директорот, 57 наставници, 4 стручни соработници (психолог, педагог, дефектолог и библиотекар). За обезбедување на адекватни услови за работа во училиштето придонесуваат и 2 административни работници и 7 лица како техничка служба.

Стручни соработници

Професори