Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe?

ВИСТИНСКО ПРЕДНОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПРИРЕДИ М.О. „ЕДИНСТВО“
12/12/2019
Реализирана активност од проектот Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe?
16/01/2020
Прикажи ги сите

Во периодот Јули 2018 – Март 2019 година беа остварени контакти со проектни партнери од неколку Европски држави со цел да се изготви и поднесе заедничка  апликација за проектен предлог кој би се аплицирал во рамките на Повикот за доставување на проектни предлози објавен од ЕРАЗМУС + програмата.

Како резултат на остварените контакти се формираше тим од проектни партнери во кој во финалната фаза на подготовка на апликацијата влегоа:

  • IGS Bad Salzdetfurth – Bad Salzdetfurth – Германија како Апликант партнер
  • Marijampoles Suduvos gimnazija – Marijampole – Литванија
  • Sainte Pulcherie French High School – Istanbul – Турција
  • LICEUL TEHNOLOGIC “SFANTUL PANTELIMON”- Bucharest – Романија
  • СОУ „Љупчо Сантов” – Кочани – Македонија

Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Република Германија), во предвидениот рок (до 26.03.2019 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.09.2019 до 30.08.2021 година.

 

Основни податоци за проектот

Проектна идеја

Проектот „Учество на ученици во европските училишта: Колку се демократски нашите училишта за учениците во Европа?“ се занимава со учеството на учениците во училиштата. Многу ученици имаат слаб интерес да учествуваат во работата на училишните заедници/ организации или се помалку мотивирани да бидат вклучени во активности што се од нивен интерес со цел подобрување на условите во училиштата, бидејќи сметаат дека имаат ограничена моќ.

Цел на проектот

Основната цел на проектот е да се запознаат со начините на учество во европските училишта. Главните цели на проектот се меѓукултурната размена и комуникација на еден целен јазик, да се зајакне идејата за демократија на учениците во нивното блиско опкружување, развој на младинска автономија и критичко размислување и исто така да се подобри медиумската компетентност и вештините за презентирање.

Учесници во проектот

Во проектот учествуваат пет средни училишта.

Возрасната група е од 14-18 години. Во рамките на проектот ќе бидат вклучени по 24 ученика од секое училиште, при што ќе се внимава на застапеноста на ученици од различни полови, со цел да се обрне внимание на рамнотежата меѓу половите.

Проектни Активности

Различни методолошки пристапи се интегрирани во проектот, но особено значење имаат кооперативните методи (работа во парови или групна работа). Исто така, вклучени се приоди каде што наставникот е во центар, но само за да даде упатства за нова задача или да насочи дискусија за добрите и лошите страни. Учесниците ја анализираат (споредуваат и оценуваат) правната рамка на учеството на ученици во европските училишта.

Проектот предвидува и примена на различни ИКТ алатки, WORD и pdf документи и презентации на PowerPoint, анкети и резултати, а за разменување и споделување на идеи и информации ќе се користи и платформата еТвининг.

Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:

Работни состаноци и обуки на проектните партнери:

  1. Прв транснационален состанок и обука на наставен кадар на проектните партнери во Германија во октомври 2019 година;
  2. Втор транснационален состанок и обука на наставен кадар на проектните партнери во Германија во јули 2020 година.

На овие состаноци ќе присуствува по 1 претставник од секој од проектните партнери.

Обуки на наставен кадар и ученици:

  1. Во март 2020 година во Турција;
  2. Во мај 2020 година во Македонија;
  3. Во октомври 2020 година во Романија;
  4. Во март 2021 година во Литванија;
  5. Во мај 2021 година во Германија.

На овие обуки ќе присуствуваат по 8 претставници од секој од проектните партнери (2 наставници и 6 ученици).

Очекувани резултати од проектот

На крајот на проектот, учениците ќе создадат колаборативно дело што ќе вклучува пишани документи изработени од учениците, список на дефинирани зборови што се основата на соработката, анкета на училиштата и нивните резултати, законските можности за учество на учениците во различни земји, список на активности за можностите за учество на учениците во различни земји, добрите и лошите страни на можностите за учество, како и списокот на активности и нивната стратешка реализација за барем една цел по училиште. Проектот има за цел да ја зголеми ангажираноста и учествотото на младите луѓе во училиштето, што ги подготвува учениците за граѓански ангажман и одговорно граѓанство надвор од училиштето, на пр. во локалната политика, клубови или организации. Резултатите и влијанијата се следниве:

– Создавање на заеднички производ што вклучува документи за можностите за учество во училиштата направени од ученици;

– Поефикасно користење на англиски јазик;

– Поголема доверба во транснационалните соработки;

– Нови вештини – организирање, презентирање, дискутирање, користење на ИКТ-алатки.

Долгорочна соработка помеѓу училиштата ќе биде воспоставена, како предуслов за споделување на добри практики и идна соработка. За сите пет училишта кои учествуваат, проектот ќе биде од големо значење бидејќи учениците ќе станат поактивни и мотивирани да учествуваат активно во училишните заедници и организации.

Овој проект ќе помогне во развојот на културната свест и културни интеракции, свесноста за европското граѓанство, почитувањето на различните вредности и традиции.

Од овој проект корист ќе имаат и други училишта затоа што резултатите ќе бидат објавени во јавноста.