Партнери
Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Бугарија), во предвидениот рок (до 21.03.2018 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.10.2018 до 30.09.2020 година.
Основни податоци за проектот
Проектна идеја
Основна идеја на проектот е да се запознаат учениците со начинот на организирање на локалните самоуправи и јавните претпријатија
Цел на проектот
Основна цел на проектот е да се надградат вештините и компентенциите на наставниците и учениците од средните училишта за сите теми од социјално-политичкиот живот во заедниците во кои живеат од аспект на закони, организациона поставенист на јавните субјекти, енергетска ефикасност, заштита на животната средина, анти дискриминација и човекови права,
Учесници во проектот
Во проектниот тим на СОУ Љупчо Сантов е предвидено да учествуваат Тим лидер (проектен координатор), наставник по СТЕМ предмет, наставник од економски-правни предмети, наставик за човекови права и анти-дискриминација. Покрај нив ќе учествуваат минимум 15 ученици (поделени во 5 тимови од по три ученика) во рамките на транснационалниот компетитивен настан.
Предвидени проектни активности
Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:
Работни состаноци на проектните партнери
Напомена: Овие датуми се прелиминарни и на првиот работен состанок ќе бидат потврдени точните датуми на останатите состаноци на проектните партнери
На овие состаноци ќе присуствуваат по 2 претставници од СОУ Љупчо Сантов
Обуки на наставен кадар
НАстан за ученици од најдобрите тимови со нивните ментори
На овој настан ќе присуствуваат тим лидерот, 3 ученици и нивниот наставник-ментор
Настани за дисеминација за реализираните проектни актинвости