Lifelong maths

Образовен модул преку виртуелна реалност
03/07/2019
AR EDU
12/12/2019
Прикажи ги сите

Партнери

  • Abdulkerim Bengi Anadolu Lisesi – Tarsus Mersin – Турција како Апликант партнер
  • Istituto Tecnico Industriale L. Trafelli – Nettuno – Италија
  • IMS Private School – Limassol –   Кипар
  • Liceul Pedagogic “Mircea Scarlat”- Alexandria- Романија
  • СОУ „Љупчо Сантов„ -Кочани – Македонија

Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Република Турција), во предвидениот рок (до 29.03.2017 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.10.2017 до 30.09.2019 година.

Основни податоци за проектот

Проектна идеја

Проектот се фокусира на наставниот предмет Математика, како предмет кој бара апстрактно и конкретно размислување, а воедно и адресирајки го предизвикот со кој сите училишта проектни партнери се соочуваат – поголем број на ученици сметаат дека математиката е досадна и тешко се разбира. Главниот потстрек за иницирање на проектната идеја беше нивото на успех на учениците по овој наставен предмет, кое не е доволно високо, а класичните методи на настава и учење не се соодветен одговор на предизвикот.

Цел на проектот

Основна цел е да се подобрат перформансите на учениците, особено на оние кои се понезаинтересирани за предметот, да се подигне нивото на успех на учениците, да се направи наставата да биде поефективна и поефикасна, да се користат нови техники и методи и да се овозможи соработка со колеги од другите проектни партнери.

Учесници во проектот

Проектот ќе вклучува наставници и ученици од секој од училиштата партнери во проектот, кои се отворени за примена на нова технологија, подготвени се да соработуваат со свои колеги од други земји за подобро образование и сакаат да научат иновативни начини на учење.

Во рамките на проектот ќе бидат вклучени 20 ученика, од кои 10 од машки и 10 од женски пол, со цел да се обрне внимание на рамнотежата меѓу половите. Дополнително ќе биде посветено внимание да се вклучат учениците кои имаат физички, економски и географски потешкотии во следењето на наставата.  Една третина од 20-те ученици ќе бидат избрани со вакви карактеристики.

Секој проектен партнер ќе има проектен тим од 5 наставници кои ќе бидат активно вклучени во реализацијата на проектните активности.

Проектни Активности се:

Во рамките на проектот ќе се применат повеќе различни методолошки пристапи како: ИКТ алатки, групна дискусија, испитување, планирање на наставните единици, решавање на проблеми, аудио-визуелни презентации, мала групна работа, креативни и колаборативни активности.

Проектот предвидува и примена на Google Classroom како едукативна апликација која се користи во целиот свет.

Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:

Работни состаноци на проектните партнери

  1. Прв транснационален состанок на проектните партнери во Турција во ноември 2017 година.
  2. Втор транснационален состанок на проектните партнери во Македонија во јуни 2018 година.
  3. Трет и финален транснационален состанок во Италија во јуни 2019 година.

На овие состаноци ќе присуствуваат по 3 претставници од секој од проектните партнери

Обуки на наставен кадар и ученици

  1. Во април 2018 година во Кипар
  2. Во април 2019 година во Романија.

На овие тренинзи ќе присуствуваат по 10 претставници од секој од проектните партнери (4 наставници и 6 ученици)

Очекувани резултати од проектот

Проектот треба да допринесе да учениците ја засакаат математиката и да имаат уверување дека тоа е интересен предмет со надминување на споменатите предрасуди. Учениците да бидат мотивирани да учат и нивното ниво на успех во математиката да се зголеми.

Проектот ќе даде поддршка за користење на ИКТ алатки во процесот на настава и учење на математика со цел да се достигне европскиот стандард. Со споделување на искуства со партнери од други европски земји, ќе се научат различни пристапи кои се применуваат во овие земји со користење на технолошки развој. Со споредување на Наставните програми по математика од различни европски земји како и примерите на добри практики, сите учесници во проектот ќе добијат нови знаења во согласност со потреби.

Долгорочна соработка помеѓу училиштата ќе биде воспоставена, како предуслов за споделување на добри практики и идна соработка во изработка и аплицирање на нови проектни предлози.

Овој проект ќе помогне во развојот на културната свест и културни интеракции, свесноста за европското граѓанство, почитувањето на различните вредности и традиции.