Партнери
Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот , во предвидениот рок (до 22.03.2019 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.09.2019 до 31.08.2021 година.
Основни податоци за проектот
Проектна идеја
Основна идеја на проектот е да се применат иновативни методи и техники кои ќе им помогнат на учениците во изборот на нивните идни професии.
Цел на проектот
Проектот „Креативни вибрации при планирање на кариера со користење на иновативни наставни методи: гејмификација, размислување за дизајн и учење засновано на проекти “има за цел да покаже како да се испланира и да се изгради патека за кариера, кои елементи треба да се земат предвид, кои клучни компетенции треба да се развиваат и како да се исполнат барањата на пазарот на трудот во иднина.
Проектот има за цел да ги обликува личните компетенции на секој од учесниците корисни во развој на кариерата: креативност, сигурност, емоционална интелигенција, ефективна комуникација, јавни настапи, одлична меморија, планирање и организација.
Учесници во проектот
Во проектот се предвидени да учествуваат повеќе наставници од различни предмети и на првиот работен состанок на проектните партнери ќе бидат дефинирани точните профили на наставниците. Исто така се предвидува и учество на 25 ученици на обуките во другите држави.
Проектни Активности се:
Предвидени се следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:
На овие тренинзи е предвидено да присуствуваат 7 претставници од секој од проектните партнери (2 наставници и 5 ученици)