AR EDU

Lifelong maths
12/12/2019
My virtual town
12/12/2019
Прикажи ги сите

Партнери

  • Локална акциона група ЛАГ Кочани / Македонија како Апликант партнер
  • СОУ „Љупчо Сантов„ -Кочани / Македонија
  • TECHKO NET DOOEL – Кочани / Македонија
  • SDRUZENIE Tzentar za Ustoychivost i Ikonomichesko Razvitie CSEG ,  Pazardjik / Bulgaria
  • PROFESIONALNA GIMNAZIYA PO IKONOMIKA I MENIDZHMANT, Pazardjik / Bulgaria
  • Regionalna Energetska Agencija Sjever / Croatia
  • Srednja skola Ludbreg / Croatia

Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Македонија), во предвидениот рок (до 21.03.2018 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.11.2018 до 31.10.2020 година.

Основни податоци за проектот

Проектна идеја

Основната идеа на проектот е да се примени иновативна технологија во вид на едукативен софтвер базиран на Аугментед реалити, и преку нејзина примена надвор од регуларниот образовен процес да се овозможи поинтересен пристап кон улениците за совладување на наставните програми.

Цел на проектот

Целта на проектот е да се поттикне интересот на учениците кон т.н. СТЕМ наставни предмети преку употреба на ново дизајниран софтвер. Воедно проектот има за цел да се надградат способностите и вештините на наставниците за примена на нови едукативни пристапи базирани на ИКТ.

Учесници во проектот

Во проектот од училиштето Љупчо Сантов е предвидено учество на тим лидер ( проектен координатор), три наставници по СТЕМ наставни предмети и еден наставник по информатичка технологија кои воедно ќе бидат и наставници-ментори на тимовите на ученици.

Исто така е предвидено учество на 6 ученици во тестирањето на едукативниот софтвер базиран на Аугментед реалити технологијата во рамките на тест периодот, како и минимум 36 ученици (поделени во дванаесет тимови од по три студенти) кои ќе учествуваат во транснационалиот компетитативен настан во втората половина од 2019/2020 година.

Планирани проектни активности

Работни состаноци на проектните партнери

  1. Прв транснационален состанок на проектните партнери во Македонија во ноември 2018 година.
  2. Втор транснационален состанок на проектните партнери во Хрватска во март 2019 година
  3. Трет транснационален состанок на проектните партнери во Бугарија во ноември 2019
  4. Четврти транснационален состанок на проектните партнери во Хрватска во август 2020

На овие состаноци треба да присуствуваат по 2 претставници од нашето училиште

Обуки на наставен кадар

  1. Во јуни 2019 година во Бугарија
  2. Во август 2019 година во Хрватска

На овие тренинзи ќе присуствуваат по 4 наставници  од проектните партнери

Настан за учесниците од најдобрите тимови од секоја држава како и нивниот ментор-наставник

  1. Во октомври  2020 година во Македонија

Настани за дисеминација за реализираните проектни актинвости

  1. Во Август 2020 во Хрватска
  2. Во Септември 2020 во Бугарија
  3. Во Октомври 2020 во Македонија (Финална проектна конференција)