Настава

Целите на училиштето во најголема мера се остваруваат преку наставата која училиштето ја организира и реализира според Наставните планови и програми дадени од МОН и БРО. Наставниот процес опфаќа општообразовни предмети, стручни предмети, изборни наставни предмети наставни подрачја, проектни активности, слободни часови, практична настава, како и додатна, дополнителна и консултативна настава. Преку овие видови на настава учениците се стекнуваат со знаења, вештини, се развиваат нивните интелектуални способности, критичкото размислување, а преку практичната настава во стручното образование учениците стекнатите теоретски знаења ги поврзуваат со практичната работа.

17834745_1798684497117327_6771006775040672927_o

Воннаставни активности


Целите на училиштето во најголема мера се остваруваат преку наставата која училиштето ја организира и реализира според Наставните планови и програми дадени од МОН и БРО. Наставниот процес опфаќа општообразовни предмети, стручни предмети, изборни наставни предмети наставни подрачја, проектни активности, слободни часови, практична настава, како и додатна, дополнителна и консултативна настава. Преку овие видови на настава учениците се стекнуваат со знаења, вештини, се развиваат нивните интелектуални способности, критичкото размислување, а преку практичната настава во стручното образование учениците стекнатите теоретски знаења ги поврзуваат со практичната работа.
10382595_238009263056113_6959364300440906512_o

Ученички екскурзии


Еднодневните екскурзии со спортско рекреативен карактер ќе се реализираат со посета на базен, организирано скијање, велосипедизам. Преку овие екскурзии учениците ќе имаат можност да ги запознаат природните убавини на нашата земја, како и јакнење на спортскиот дух и изградување на здрави животни стилови. Повеќедневна (завршна) екскурзија се реализира со учениците од трета година со посета на значајни локации во Европа. Преку оваа екскурзија учениците се запознаваат со културата и традицијата на различни држави, го изградуваат естетското чувство преку посета на значајни културно-уметнички знаменитости, го збогатуваат своето искуство, ја развиваат одговорноста и создаваат правилен однос кон животната средина.