My virtual town

AR EDU
12/12/2019
8 strings to our bows
12/12/2019
Прикажи ги сите

Партнери

  • Здружение Центар за одржливост и економски развој CSEG , од Пазарџик / Бугарија
  • Општина Пазарџик , Република Бугарија
  • Професионална Гимназија по економика и менаџмент од Пазарџик Бугарија
  • Македонска Геотермална Асоцијација МАГА од Скопје
  • Комунално Јавно претпријатие “Водовод“ Кочани
  • СОУ „Љупчо Сантов„ -Кочани – Македонија
  • Регионална Агенција за Енергетика КССЕНА од Велење Словенија
  • ЛУВ од Велење Словенија
  • Средно училиште Solski center од Велење

Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Бугарија), во предвидениот рок (до 21.03.2018 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.10.2018 до 30.09.2020 година.

Основни податоци за проектот

Проектна идеја

Основна идеја на проектот е да се запознаат учениците со начинот на организирање на локалните самоуправи и јавните претпријатија

Цел на проектот

Основна цел на проектот е да се надградат вештините и компентенциите на наставниците и учениците од средните училишта за сите теми од социјално-политичкиот живот во заедниците во кои живеат од аспект на закони, организациона поставенист на јавните субјекти, енергетска ефикасност, заштита на животната средина, анти дискриминација и човекови права,

Учесници во проектот

Во проектниот тим на СОУ Љупчо Сантов е предвидено да учествуваат Тим лидер (проектен координатор), наставник по СТЕМ предмет, наставник од економски-правни предмети, наставик за човекови права и анти-дискриминација. Покрај нив ќе учествуваат минимум 15 ученици (поделени во 5 тимови од по три ученика) во рамките на транснационалниот компетитивен настан.

Предвидени проектни активности

Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници и ученици:

Работни состаноци на проектните партнери

  1. Прв транснационален состанок на проектните партнери во Бугарија во октомври 2018 година.
  2. Втор транснационален состанок на проектните партнери во Словенија во јануари 2019.
  3. Трет транснационален состанок на проектните партнери во Кочани, Македонија во октомври 2019.
  4. Четвртти транснационален состанок на проектните партнери во Бугарија во март 2020.
  5. Петти транснационален состанок на проектните партнери во Македонија во мај 2020.
  6. Шести транснационален состанок на проектните партнери во Словенија во јули 2020.

Напомена: Овие датуми се прелиминарни и на првиот работен состанок ќе бидат потврдени точните датуми на останатите состаноци на проектните партнери

На овие состаноци ќе присуствуваат по 2 претставници од СОУ Љупчо Сантов

Обуки на наставен кадар

  1. Во Април 2019 година во Кочани, Македонија
  2. Во Јуни 2019 година во Велење, Словенија
  3. Во Август 2019 година во Пазарџик, Бугарија

НАстан за ученици од најдобрите тимови со нивните ментори

  1. Во Јуни 2020 во Словенија

На овој настан ќе присуствуваат тим лидерот, 3 ученици и нивниот наставник-ментор

Настани за дисеминација за реализираните проектни актинвости

  1. Во Јули 2020 во Словенија
  2. Во Август 2020 во Македонија
  3. Во Септември 2020 во Бугарија Финална проектна конференција)