Партнери
Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Македонија), во предвидениот рок (до 21.03.2018 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.11.2018 до 31.10.2020 година.
Основни податоци за проектот
Проектна идеја
Основната идеа на проектот е да се примени иновативна технологија во вид на едукативен софтвер базиран на Аугментед реалити, и преку нејзина примена надвор од регуларниот образовен процес да се овозможи поинтересен пристап кон улениците за совладување на наставните програми.
Цел на проектот
Целта на проектот е да се поттикне интересот на учениците кон т.н. СТЕМ наставни предмети преку употреба на ново дизајниран софтвер. Воедно проектот има за цел да се надградат способностите и вештините на наставниците за примена на нови едукативни пристапи базирани на ИКТ.
Учесници во проектот
Во проектот од училиштето Љупчо Сантов е предвидено учество на тим лидер ( проектен координатор), три наставници по СТЕМ наставни предмети и еден наставник по информатичка технологија кои воедно ќе бидат и наставници-ментори на тимовите на ученици.
Исто така е предвидено учество на 6 ученици во тестирањето на едукативниот софтвер базиран на Аугментед реалити технологијата во рамките на тест периодот, како и минимум 36 ученици (поделени во дванаесет тимови од по три студенти) кои ќе учествуваат во транснационалиот компетитативен настан во втората половина од 2019/2020 година.
Планирани проектни активности
Работни состаноци на проектните партнери
На овие состаноци треба да присуствуваат по 2 претставници од нашето училиште
Обуки на наставен кадар
На овие тренинзи ќе присуствуваат по 4 наставници од проектните партнери
Настан за учесниците од најдобрите тимови од секоја држава како и нивниот ментор-наставник
Настани за дисеминација за реализираните проектни актинвости