Реализирана активност од проектот Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe?

Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe?
16/01/2020
FUSION
16/01/2020
Прикажи ги сите

Во периодот од 29ти септември – 05ти октомври 2019 година се одржа првиот состанок и воедно првата обука за наставници во Бад Салздетфурт, Република Германија со цел запознавање помеѓу учесниците и нивна обука за работа во платформата еТвининг, како и планирање на активностите во рамките на проектот Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe? од програмата Еразмус+, поддржан од Национална агенција на Република Македонија. На семинарот учествуваа по еден претставник од IGS Bad Salzdetfurth – Bad Salzdetfurth – Германија како апликант партнер, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, Македонија, Marijampoles Suduvos gimnazija – Marijampole – Литванија, Sainte Pulcherie French High School – Istanbul – Турција, LICEUL TEHNOLOGIC “SFANTUL PANTELIMON”- Buckarest – Романија.

Наставниците разговараа за планираните активности кои следуваат,  за целите на проектот, за организациските и финансиските предизвици со кои ќе се соочат. Иста така се дискутираше и за бројот на учесници, начинот на избирање на истите и сместување на наставниците и учениците кои ќе присуствуваат на мобилностите. Наставниците имаа работилница и обука за работа во платформата еТвиниг. Обуката беше изведена од страна на наставникот и координаторот од СОУ “Љупчо Сантов” Кочани, Македонија, Лидија Коцева. Со таа цел пред состанокот во Германија,  беше креиран проект на еТвининг во кој беа поканети наставниците координатори од сите проектни патнери. Согласно проектната апликација оваа платформа ќе се користи во текот на проектот за размена на информации, запознавање на учесниците, следење на активностите а воедно ќе служи и како еден вид на алатка за дисеминација на целите на проектот. На обуката наставниците беа запознаени со предностите од користењето на еТвининг платформата. Беа обучени како да креираат страни на TwinSpace, како да прикачуваат и симнуваат материјали (фотографии, видеа и документи), како да користат веб алатки за потребите на TwinSpace. Наставниците научија како да поканат ученици во проектот и како да им овозможат на учениците да комуницираат во една безбедна околина. Наставниците беа запознаени и со некои корисни веб алатки. Наставниците за време на оваа обука беа обврзани своите знаења да ги пренесат на останатите учесници во проектот од нивните проектни тимови. Ова се однесува пред се на обука за учениците.

Предвидените цели на овој состанок и обука беа во потполност постигнати преку ефикасна работа и меѓусебна соработка на партнерите.