Реализирана активност од проектот FUSION

FUSION
16/01/2020
СЕДИ СИ ДОМА, ЗАШТИТИ СЕ ОД COVID-19
17/03/2020
Прикажи ги сите

Во периодот од 24 ноември до 01 Декември претставници од СОУ “Љупчо Сантов” присуствуваа на првиот состанок и воедно на првата обука во Анкара, Турција во рамките на проектот ФУЗИЈА финансиран од програмата Еразмус+. На состанокот присуствуваа наставници од сите проектни партнери и тоа од Унгарија, Франција, Шпанија, Грција, Македонија како и од земјата домаќин Турција.

Проектните партнери на состанокот ги презентираа целите на проектот, потребата за постојано надоградување и личен развој на наставниците во 21ви век и имаа обуки за користење на иновативни веб алатки во образованието. Наставниците од сите проектни партнери разговараа и за понатамошните активности кои следуваат во рамките на проектот.

Па така следната проектна активност ќе биде во месец Февруари а нашето училиште ќе биде домаќин. Очекуваме да не посетат околу 20 наставници од сите проектни партнери и заедно со нашите претставници ќе работат на развој на своите ИКТ вештини.

 

Претставници и учесници од нашето училиште на првата обука во Анкара, Турција беа: директорот на училиштето – Игор Христов, Лидија Коцева – координатор на проектот, Даница Димитрова – наставник по информатика и Елена Станкова – наставник по француски јазик.