Гимназијата по eкономија и менаџмент во Пазарџик, Република Бугарија , беше домаќин на наставници и програмери од Република Северна Македонија и Хрватска,како дел од проектот “Образовен модул преку виртуелна реалност”.
На оваа мобилност, реализирана во периодот од 24.06.2019г. до 29.06.2019г. , зедоа учество седум наставници од СОУ “Љупчо Сантов”-Кочани,програмери од софтверската компанија “Течко Нет” како и претставници од невладината организација “ЛАГ”.
Проектот започна во ноември 2018 година и основната цел е да биде разработена апликација- креирање модул за изучување на предмети од областа на науката, техниката,инженерството и математиката преку виртуелна реалност.
На мобилноста екипите од трите училишта создадоа база од прашања на кои учениците ќе одговараат при пронаоѓање на дадена локација на своите мобилни телефони, а на последната средба ќе се прогласи и најдобар тим.Проектот беше регистриран и во eTwinning платформата.