Јазично уметничко подрачје-комбинација А и комбинација Б
СОУ “Љупчо Сантов “ -Кочани денес претставува модерна и современа воспитно-образовна институција . Едукацијата сватена како процес во кој општеството намерно ги пренесува своите “акумулирани“ знаења, вештини и вредности од една на друга генерација.
Во училиштето се образуваат кадри во гимназиско образование и економско-правна и трговска струка.
Гимназиското образование е четиригодишно и во него се добива општо образование. Ова образование овозможува стекнување на знаења од повеќе области и обезбедува основа за продолжување на образованието во високообразовните имституции.
Според добиените верификации на Министерството за образование и наука во гимназиското образование учениците можат да изберат едно од трите наставни подрачја.
Секое наставно подрачје покрај редовните предмети опфаќа и изборни предмети, кои овозможуваат подготовка на учениците за одредени факултети. Училиштето е врифицирано за следните подрачја:
- Природно- математичко подрачје – комбинација А и комбинација Б
- Општествено-хуманистичко подрачје-комбинација А и комбинација Б
- Јазично уметничко подрачје-комбинација А и комбинација Б
Јазично уметничко подрачје-комбинација А и комбинација Б
- Комбинацијата на предмети во јазично-уметничко подрачје, комбинација А им овозможува на завршените ученици подготовка и стекнување на основни знаења за филозофски, филолошки и педагошки факултет.
- Комбинацијата на предмети во јазично-уметничко подрачје, комбинација Б им овозможува на завршените ученици подготовка и стекнување на основни знаења за факултетот за драмски уметности, филозофски факултет, факултет за ликовна и музичка уметност.