FUSION

Реализирана активност од проектот Participation of pupils at European schools: How democratic are our schools for pupils in Europe?
16/01/2020
Реализирана активност од проектот FUSION
16/01/2020
Прикажи ги сите

Во Јули 2019 година беа остварени контакти со проектни партнери од неколку Европски држави со цел да се изготви и поднесе заедничка  апликација за проектен предлог кој би се аплицирал во рамките на Повикот за доставување на проектни предлози објавен од ЕРАЗМУС + програмата.

Како резултат на остварените контакти се формираше тим од проектни партнери во кој во финалната фаза на подготовка на апликацијата влегоа:

  • FARUK NAFIZ CAMLIBEL ANADOLU LISESI – Ankara- Турција како Апликант партнер;
  • 2nd General Lyceum of Ierapetra – Ierapetra – Грција
  • LYCEE CONDORCET – Belfort – Франција
  • Nyíregyházi SZC Széchenyi István Közgazdasági, Informatikai Szakgimnáziuma

és Kollégiuma – Nyiregyhaza – Унгарија

  • IES Tegueste – Tegueste – Шпанија
  • СОУ „Љупчо Сантов” – Кочани – Македонија

Апликацијата беше успешно поднесена во Националната Агенција за ЕРАЗМУС+ програмата во државата на Апликант партнерот (Република Турција), во предвидениот рок (до 26.03.2019 година) и по нејзината евалуација истата е одобрена за реализација во периодот од 01.09.2019 до 31.08.2021 година.

 

Основни податоци за проектот

Проектна идеја

Проектот „ФУЗИЈА“ се состои од неколку клучни елементи кои се однесуваат на оние важни карактеристики кои еден наставник во 21ви век треба да ги поседува. Корисни и практични, иновативни и организирани, вешти и постојано подготвени за лично надоградување, при тоа секогаш имајќи ги на ум идните генерации на ученици кои допрва треба да влезат во самиот процес на образование. „ФУЗИЈА“ е проект што се разви од потребата за развој на ИКТ вештините на наставниците, развивање на нивните  компетенции и вклучување на корисни апликации во активностите во училницата.

Цел на проектот

Основната цел на проектот е да им овозможи на училиштата учесници да го подобрат квалитетот на образованието со што би им помогнале на учениците и би ги подготвиле уште подобро за иднината. Интегрирањето на технологијата во училницата и обезбедување на еднаков пристап до знаење и вештини за сите ученици е задолжително во 21ви век.

Проектот ќе обезбеди неопходна поддршка за наставниците да ги истражат нивните компетенции и да ја развиваат нивната способност за им помогнат на учениците да се подготват за иднината. Нашите наставници ќе бидат свесни за постојаните трендови во технологијата и што може таа да донесе за иднината на образованието. Ќе научат кои се најдобрите алатки и како и кога да ги користат. Ќе имаат интерактивна обука, охрабрувајќи ги да ги истражуваат функциите на технологијата и да научат како да го искористат својот целосен потенцијал во училницата за да ги зајакнат и подобрат учењето и мотивацијата на нивните ученици. После тоа, наставниците ќе бидат поквалификувани, мотивирани и ќе бидат поддржувачки во креирање на околина што ги прави нашите ученици поангажирани во училиште.

Учесници во проектот

Во проектот учествуваат шест средни училишта. Училиштата се од различни делови на Европа.  Партнерските училишта имаат еднакви права и одговорности и секое училиште е одговорно за имплементација и дисеминација на активностите на проектот во нивното училиште и област со употреба на брошури, постери, веб-страници.

Проектни Активности

Проектот има 5 дневни активности за обука на наставници. Изграден е тековен проект за еТвининг кој ќе продолжи и понатаму. Со ова партнерство, проектот има за цел да обезбеди единство засновано врз културата на соработка , кое училиштата имаат за цел да го подобрат преку размена на искуства и информации директно едни со други. Да се ​​работи заедно на заеднички исти проблеми, ќе има позитивно влијание на меѓусебната соработка во сите училишта.

Предвидени се и следните настани кои вклучуваат мобилност на наставници:

Oбуки на наставен кадар:

  1. Во ноември 2019 во Турција ;
  2. Во февруари 2020 во Македонија;
  3. Во септември 2020 во Шпанија;
  4. Во ноември 2020 во Грција;
  5. Во март 2021 во Франција;
  6. Во мај 2021 во Унгарија.

На овие обуки и ќе присуствуваат по 4 наставника од секој од проектните партнери.

Очекувани резултати од проектот

Резултатите и влијанијата се следниве:

-Зголемени и подобрени компетенции на наставниците;

– Поефикасно користење на англиски јазик;

– Поголема доверба во транснационалните соработки;

– Нови вештини – организирање, презентирање, дискутирање, користење на ИКТ-алатки.

Долгорочна соработка помеѓу училиштата ќе биде воспоставена, како предуслов за споделување на добри практики и идна соработка. За сите шест училишта кои учествуваат, проектот ќе биде од големо значење бидејќи учениците ќе станат поактивни и мотивирани.

Овој проект ќе помогне во развојот на културната свест и културни интеракции, свесноста за европското граѓанство, почитувањето на различните вредности и традиции.

Од овој проект корист ќе имаат и други училишта затоа што резултатите ќе бидат објавени во јавноста.