Известување за уписи во учебна 2020/2021 год.

Патронен празник на училиштето
23/03/2020
Прикажи ги сите

Почитувани идни ученици на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани,
Ве известуваме дека уписите за ученици во прва година во училиштето ќе се врши во деновите: 16.06.2020 година (вторник) и 17.06.2020 година (среда) според следниот распоред по азбучен ред според презимето:
– ученици чие презиме е на буквата А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е – вторник, 16.06.2020 година од 07:00 до 13:00 часот;
– ученици чие презиме е на буквата Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л – вторник, 16.06.2020 година од 13:00 до 19:00 часот;
– ученици чие презиме е на буквата Љ, М, Н, Њ, О, П, Р – среда, 17.06.2020 година од 07:00 до 13:00 часот;
– ученици чие презиме е на буквата С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш – среда, 17.06.2020 година од 13:00 до 19:00 ќасот.
Учениците кои ќе се пријават за стручно образование – економски техничар да дојдат на влезот на училиштето од страната на спортските игралишта, а учениците за гимназиско образование на влезот на училиштето од западна страна, односно кај паркингот на училиштето.
Да ги почитуваме препораките и објавениот распоред заради зачувување на здравјето на сите.
Се гледаме во вторник и среда