Членовите на М.О. „Единство“ при СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, ги потсетија учениците од двете смени дека здравата храна може да биде вкусна и забавна и им приредија вистинско витаминско освежување со Предновогодишниот juice bar.
На големите одмори од двете смени се служеа бесплатни природни сокови направени од учениците, како и овошје.
Со ова младинска организација „Единство“ испрати порака до сите ученици дека и во зимските денови им требаат витамини, а тие можат да се добијат и на забавен начин и со многу дружење.
УМКА – СОУ „Љупчо Сантов“